Твитер не стивнува: Заев и Верушевски конечно „се запознаа“ на вчерашниот протест

Скопје, 11 октомври 2016 година - наместо да се празнува во духот на еден од поважните датуми во историјата на Македонија и гордо граѓаните да се присетуваат на делата на нашите претци кои се бореле за слободата на оваа земја, помина во евтино парадирање на предавници на државата.

img

Убавината на вчерашното празнично сквернавење е извлечената поука од непочитувањето на државните празници и обидот да се одвлече внимание на јавноста од потсетување на историјата.

На СДСМ и нивните следбеници повеќе ништо не им е свето што се однесува на Македонија, а тоа го докажаа со организирање на протест на еден од најважните датуми за Македонија.

Историската нишка која го поврзува минатото со сегашноста не важи за СДСМ, бидејќи иднината на Македонија ја гледаат под опсада на САД и нивните начела да се изгуби правото на суверенитет на државата и да се потпадне под влијание.

Не сечие влијание, туку да се федерализира земјата. Проблемот е суштински, бидејќи според досегашните искуства на земја од регионот и давање право на држава на одредено малцинство, се доаѓа до заклучок дека отстапувањето од националните интереси води до постојан притисок и нови обиди за деградација. Од друга страна, обидот на неалбански етнички малцинства да се изборат за свои права и да издвојат независност преку референдуми, резултира со закани за санкции и пласирани изговори за „нарушување на меѓународното право“.

Објавено среда, 12 октомври 2016 2:11:00
Напишано од Ирина


Последни вести