Двајца Французи се загубиле на Попова Шапка

Двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово попладнево залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка.

img

Тие се јавиле на пријатели на кои можеле само да им кажат дека се наоѓаат покрај некоја карпа, по што околу 15 часот случајот бил пријавен во СВР Тетово.

Во потрага по загубените излетници тргнал полицајци од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскоспасителната служба.

Среде силното снежно невреме, некаде околу 17.50 часот тие биле најдени премрзнати, по што биле пренесени во Полициското одделение Попова Шапка.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 11 февруари 2018 08:25:00
Напишано од емилија