Дете го загуби животот во сообраќајна несреќа

олема трагедија го потресе Скопје, единаесет годишно дете го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 19 часот и 20 минути се случила на патот Скопје – ХЕЦ „Козјак“.

img

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „БМВ“ со италијански таблички управуван од 39-годишниот Ш.Д. од село Црн Врв и трактор кој го возел 41 годишниот Д.М. од село Малчиште, а со повреди се здобиле сопатниците од тракторот, 40-годишниот Д.И. и 11 годишно дете.

За жал, и покрај сите напори, детето околу полноќ им подлегнало на повредите во Ургентниот центар.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 септември 2017 05:41:00
Напишано од емилија