Драма во Скопје: Повреден пожарникар, таткото го удрил по глава откако му го спасил детето

Еден пожарникар од скопската противпожарна единица бил повреден откако спасил дете од пожар, а таткото го удрил со лопата во главата.

img

Пожарникарот учестувал во гаснењето на пожар кој избувнал на „Павел Шатев“, во близина на МВР.

Полицијци го внеле во полициско комбе мажот кој го повреди пожарникарот и го спровеле во станица.

-Група граѓани, собрани во дворот на бараката од каде што доаѓал чадот, ги нападнале пожарникарите. Со повреди на главата еден од пожарникарите итно е пренесен во болница. Граѓаните биле лути што пожарникарите се појавиле оти во дворот горело ѓубре. Пожарот веднаш бил локализиран. Пријавата  е од соседи кои го забележале чадот и стравувале дека пожарот може да се прошири- изјави на скопската противпожарна бригада Ѕвоно Томевски.

Facebook impact:

Објавено четврток, 23 февруари 2017 06:59:00
Напишано од Емилија