Двајца Македонци повредени во Солун, девојка е во критична состојба

Автомобил удри тројца пешаци во Солун, при што тројца се пренесени во болница со тешки повреди, објави грчка Та Неа.

img

Сообраќајната полиција соопшти дека сообраќајката во близина на ИКЕА, кон солунскиот аеродром.

Првичните информации говорат дека возачот на автомобилот изгубил контрола над возилото и удрил во пешачки остров, удрил во пешаците и повлекол две лица.

Двајца од повредените се префрлени во болницата Анера, а еден во Гениматес.

Станува збор за повредени лица на 67 годишна возраст, на 63 години и едно лице на 27-годишна возраст кое имало повреди на главата и карлицата.

Медиумите јавија дека станува збор за двајца македонски државјани и младата девојка е во критична состојба.

Facebook impact:

Објавено недела, 11 февруари 2018 07:52:00
Напишано од емилија