Две брачни двојки повредени во тешка сообраќајка на патот Штип- Радовиш

На патот Штип – Радовиш околу 11 часот се судрија три возила, а во судирот се тешко повредени четворица струмичани, односно две брачни двојки.

img

Откако едно од возилото се запалило, возачот застанал и се обидел заедно со сопругата да излезе, а во исто време на нивниот автомобил налетале две возила. Третото возило го поминало запаленото возило но удрило во второто, кое од ударот излетало од патот

Сообраќајот на патот Штип-Радовиш е блокар во двата правца и се вози во споредни патишта.

Facebook impact:

Објавено петок, 10 февруари 2017 01:16:00
Напишано од Емилија