Две деца повредени во сообраќајка, возачот на автомобилот избегал

Две деца на возраст од 17 и 15 години се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 23:10 часот се случила на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.

img

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале моторцикл Трува и автомобил со скопски таблички кој по сообраќајката го напуштил местото.

На двете деца им е укажана лекарска помош во ГОБ „8. Септември“ при што кај 17 годишниот возач на моторциклот се констатирани полесни повредени, а кај 15 годишниот сопатник тешки повреди по што е задржан на понатамошно лекување.

На местото на несреќата е извршен увид и се работи на расчистување на сообраќајката.

Facebook impact:

Објавено среда, 19 јули 2017 10:25:00
Напишано од емилија