Две малолетни деца ограбени во Скопје

Синоќа околу 18.00 часот во Скопје на ул.“Димитрија Чуповски“, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз двајца малолетници М. Т. и Н. М. од Скопје.

img

На двајцата малолетници им одземале околу 1200 денари, а потоа со трчање се упатиле кон плоштад “Македонија“.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Facebook impact:

Објавено недела, 12 ноември 2017 02:58:00
Напишано од емилија