Еве како била убиена жената во Охрид!

Полицијата покрена потрага по лицето што при обид за грабеж синоќа усмрти возрасна жена во Охрид.

img

Според информациите од СВР – Охрид, станува збор за извршител на кривично дело „разбојништво со последица смрт“, при што смртно била повредена 67-годишната Спаса Б. од Охрид, која сама живеела во нејзиниот стан во зграда на улица „Галичица“ бр. 31 во Охрид.

Првичниот увид спроведен на местото на настанот покажува дека вчера во периодот меѓу 11:30 и 19:25 часот непознат сторител влегол во станот на жената, напаѓајќи ја со ладно оружје, најверојатно нож, притоа нанесувајќи и убодни рани во пределот на главата, вратот и телото, а потоа извршил пребарување низ собите.

Потоа сторителот на делото незабележано го напуштил станот, притоа заклучувајќи ја влезната врата.

По наредба на Јавниот обвинител врз телото ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола.

Инаку, жителите на улица „Галичица“ се вознемирени од настанот, притоа изјавувајќи дека ништо не забележале ниту слушнале, дека за случајот разбрале од медиумите.

Пред десеттина дена непознато лице се обиде да ја ограби и продавницата на ул „Галичица“ што се наоѓа во непосредна близина на синоќешното убиство.

Facebook impact:

Објавено вторник, 21 февруари 2017 12:29:00
Напишано од elenaM