Голф се преврте на автопатот Скопје-Тетово, три лица повредени

Три лица се полесно повредени откако автомобил „Голф“ со тетовски регистерки ознаки се преврте на автопатот Скопје-Тетово, после наплатната рампа Глумово, потврдуваат од МВР за Курир.

img

Несреќата се случила околу 11:15 часот.

Според полициските информации со возилото управувал 27 годишниот Б.И., а сопатници биле Е.М. (23) и Р.И. (29).

Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во тетовската болница каде им се констатирани телесни повреди, возачот и сопатникот Р.И. се задржани во болница, додека Е.М. по укажаната помош е пуштен на домашно лекување.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата поради што има големи колони на возила.

 

 

Facebook impact:

Објавено петок, 22 септември 2017 02:47:00
Напишано од емилија