Грозоморно убиство во Прилеп!

Полицијата излезе со детали за убиството кое ја потресе Македонија, а се случи во текот на вчерашниот ден во Прилеп. Полицијата денеска информира дека во 13 часот 53-годишниот М.М. од Прилеп на улицата Гоце Делчев, побарал да се отвори со полиција неговиот стан каде имал потстанар.

img

Таму, без знаци на живот полциијата и сопственикот на станот го затекнале 65-годишниот В.М. од Могила, кој бил облеан во крв во пределот на горната половина од телото.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош над телото извршен е преглед при што е констатирана убодна рана на десната половина од градниот кош и убодна рана на задниот дел од телото. 

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Facebook impact:

Објавено петок, 03 март 2017 02:44:00
Напишано од Виолета