Маж пронајден мртов во хотел

Мртов маж бил пронајден во хотелска соба во хотел лоциран на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на излезот од Гостивар.

img

Од полицијата информираат дека лицето во хотелот било пријавено како гостин.

Се работи за 55 годишниот А.Ф. од тетовското село Одри. Смртта без видливи траги на насилство била констатирана од екипа од Итна медицинска помош.

Полициски екипи извршиле увид на местото, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Facebook impact:

Објавено вторник, 05 септември 2017 10:15:00
Напишано од емилија