Мотоциклист удрил во дете и избегал, полицијата трага по него

Единаесет годишно дете, пешак, вчера попладне било удрено од мотоцикл кој го напуштил местото.

img

Несреќата, информираат од полицијата се случила на улицата „134“ во Тетово околу 18:20 часот.

Повредениот пешак пренесен е во тетовската болница и задржан за натамошна опсервација.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на мотоциклот и лицето што го управувало.

Facebook impact:

Објавено вторник, 05 септември 2017 12:14:00
Напишано од емилија