Несреќа: Паднала од прозорец на 4-ти кат

Триесет и едногодишната гостиварка Н.Н, вчера околу 17 часот и 45 минути паднала од прозорец од четвртиот кат на станот во кој престојувала на улица „Мара Угринова“ во Гостивар.

img

Од паѓањето  задобила тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, итно е префрлена на скопските клиники, информираат од СВР Тетово.

 Извршен е увид и се расветлуваат сите поединости поврзани со овој случај.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 08 ноември 2017 01:05:00
Напишано од емилија