Несреќа во Штип: Дете падна од 3-ти кат, со тешки повреди пренесено во Ургентен

Дванаесет годишно дете е тешко повредено, откако вчера околу 22 часот паднало од трети кат од зграда лоцирана на улицата „Енгелсова“ во Штип.

img

Од полицијата информираат дека детето поради тешките повреди, фрактура на черепот и крварење во мозокот, од штипската болница итно е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Засега не е познато како детето паднало.

Facebook impact:

Објавено вторник, 25 јули 2017 09:42:00
Напишано од емилија