Пијан и депримиран тетовец испукал 100 куршуми во неодреден правец

Триесет и две годишниот П.П. од тетовско Сараќино вчера околу 20 часот во дворот на семејната куќа на неговиот татко испукал околу 100 куршуми во неодреден правец од пиштол марка „Црвена застава„ Крагуевац калибар 9мм долга деветка, кој го поседувал без одобрение.

img

Како што информираат од полицијата лицето било во алкохолизирана состојба, а по негово кажување пукал од револтираност и депресивност.

-Увид на лице место е извршен од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи -Тетово, при што во тревникот од дворот и кај просторот на влезот од приземјето на повеќе локации пронајдени се 50 чаури калибар 9 мм долга деветка пиштолска муниција, додека во дневната соба од приземјето, пронајден е еден куршум кал.9 мм долга деветка, како и пиштол кој по посочување на осомничениот е пронајден во внатрешноста од сунѓераст наслон на двосед од гарнитура, информираат од МВР.

Од рацете на осомничениот обезбедени се фолии за барутен тест, како и комплет од крв и урина, истиот е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР-Тетово за расчистување на случајот.

 

Facebook impact:

Објавено недела, 08 октомври 2017 11:43:00
Напишано од емилија