Полициска блокада и потера: Бегале од полицијата од Битола до Прилеп

Вчера околу 04.50 часот во Битола на ул. „8-ми Септември“ полициски службеници од полициската станица за БПС Битола дале наредба за запирање на возило „даеву експеро“, но лицето кое го управувало не застанало, односно ја зголемило брзината и се дало во бегство на магистралниот пат Битола – Прилеп.

img

Од страна на полициски службеници од ПС Прилеп била поставена блокада со службени возила кај раскрсницата со с.Ново Лагово-, прилепско, но возилото ја пробило блокадата  и влегло во Прилеп, ја поминало пругата, влегло во нива и застанало. Од возилото излегле три непознати машки лица кои почнале да бегаат.

Еден полициски службеник фатил едно од лицата, а при обид да го приведе бил нападнат со остар тврд предмет во пределот на рацете од друго лице, кое потоа го фатило со двете раце за вратот и почнало да го дави. Ова го искористило првото лице, кое успеало да се оттргне и да побегне. По ова полицискиот службеник го фатил напаѓачот но истиот успеал да побегне.

При нападот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани и санирани во Општа болница Прилеп.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото и преглед на возилото извршила екипа од ПС Прилеп.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 27 февруари 2017 03:24:00
Напишано од Емилија