Пронајден е мртов маж во куќа во Скопје

Починато лице чие тело било во фаза на распаѓање било пронајдено вчера попладнето во Скопје на улицата „138“.

img

Од полицијата информираат дека случајот кај нив бил пријавен од екипа на Итна медицинска помош.

Утврдено е починатиот е 73 годишниот Д.Д. кој во куќата каде бил пронајден живеел сам.

Засега не е познато кои се причините за смртта на Д.Д., а повеќе детали се очекуваат по завршување на обдукцијата.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 18 август 2017 10:10:00
Напишано од Емилија