Првата жртва во Скопје поради студот

Бездомник на возраст од 68 години е пронајден починат во скопската населба Аеродром на улицата „Бојмија“, позади старите магацини на АРМ кај Јане Сандански. Како што пренесува 24 вести, бездомникот го пронашол негов пријател, исто така бездомник.

img

Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 9 часот и 30 минути.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по нардба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.

Ова е прва жртва на студот во Скопје. Денеска беа измерени рекордни -28 степени Целзиусови во Макдонија.

Facebook impact:

Објавено недела, 08 јануари 2017 18:23
Напишано од Емилија



Барај