Разбојништво во Стопанска банка

Две непознати маскирани лица вчера околу пладне извршиле разбојништво над вработените во филијалата на Стопанска банка лоцирана на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје.

img

-Сторителите влегле во банката и со закана со пиштол одземале околу 300.000 денари и 3.000 евра, по што побегнале во непознат правец, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Facebook impact:

Објавено петок, 29 декември 2017 10:15:00
Напишано од емилија