Страшна несреќа: Момче се бори за живот во Скопје

Вчера во 18,10 часот во Скопје на ул.„Франклин Рузвелт“ возило „Мазда 6“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.А.(72) удрило во пешакот Б.Н.(18) од Скопје.

img

Веднаш по незгодата, пешакот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники Мајка Тереза, каде биле констатирани  тешки телесни повреди (фрактура на главата) и Б.Н. е во животна опасност.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook impact:

Објавено четврток, 11 јануари 2018 10:21:00
Напишано од емилија