Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје

Велосипедист на возраст од 69 години е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила околу 10:30 часот во Скопје.

img

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на крстосница со булеварот „8 Септември“ и сервисна улица на булеварот.

Скопјанецот А.Ч. (29) управувајќи со автомобил „Дачиа Дастер“ удрил во велосипед кој го управувал 69 годишниот С.Т. од Скопје. Pовредениот велосипедист со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар каде му се констатирани тешки повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 18 август 2017 10:30:00
Напишано од Емилија