Жена прегазена кај студентскиот дом Пелагонија, пренесена во болница

Педесет и седум годишната скопјанка В.Ц. е тешко повредена откако во саботата доцна попладне била удрена од автомобил „Хјундаи“ управуван од В.Т. (49) на улицата „Божидар Аџија“.

img

-Во незгодата со повреди се здобила пешакот В.Ц. која со истото возило била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде и и биле констатирани тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 12 февруари 2018 03:03:00
Напишано од емилија