Маестро Зоран Џорлев одбележува 40. години

Македонскиот виолинист и промотор на македонската изворна песна, маестро Зоран Џорлев годинава одбележува 40. години од неговото дејствување на полето на музиката.

img

Џорлев виолинската приказна ја започнува во 1977 година кога на 10- годишна возраст ја освојува првата републичка награда во тогашната СФРЈ.

Неговото име е познато на македонската јавност и ширум светот, како директор на националниот ансамбл „Танец“, првата македонска виолина и автор на незаборавните телевизиски емисии „Зора зори“, „Зајди зајди“ и „По патот на песната“.

Во рамки на јубилејот маестро Зоран Џорлев подготвува повеќе настани, меѓу кои издавање на ново ЦД со обработки на македонски забавни песни и ЦД со обработки на најпопуларните новогодишни композиции во нови атрактивни аранжмани, концерт во рамки на Скопско лето и концерти од различен жанр на повеќе локации низ Скопје и Македонија.

Како најголем настан и заокружување на 40-годишната работа е предвиден голем јубилеен концерт со повеќе македонски и странски гости кој ќе се одржи кон крај на годината.

Тагови:

Зоран Џорлев

Facebook impact:

Објавено четврток, 30 март 2017 10:26:00
Напишано од sasho