МОБ: Картите за мјузиклот „Тајно моја" распродадени, закажана е уште една изведба

Македонската опера и балет соопшти дека билетите за премиерата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески закажана за 10 март се продадени.

img

Од МОБ информираат дека во тек се завршните подготовки за реализација на мјузиклот. Заради големиот интерес на публиката, закажана е уште една изведба на мјузиклот и тоа на 21 март за која билетите веќе се пуштени во продажба на билетарницата на МОБ, во Југотон ГТЦ 1спрат, во сите продавници на Нептун низ Македонија и on line mob.com.mk и karti.com.mk.

Во мјузиклот на сцената на МОБ ќе учествува целиот ансамбл, оркестарот, хорот и балетот при МОБ, детскиот хор „Фалесто“. Дел од актерската екипа се Игор Џамбазов и Весна Петрушевска. Либретист е нашиот текстописец и драматург Огнен Неделковски, а автори на новите аранжмани на песните на Тоше се композиторите Кокан Димушевски и Сони Петровски.

Проектот е дел од Годишната програма на Министерството за култура.

Кореограф на мјузиклот е Олга Панго, сценограф Марија Ветероска, а костимограф Марија Пупучевска.

Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, а специјално напишан за МОБ избра пејачи преку „Кастинг талент шоу“.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 13 февруари 2017 11:33:00
Напишано од Емилија