ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ МАЖ В ГРЛО ОД ВЕДРАНА РУДАН

Денес на штандот на издавачката куќа Просветно дело, со почеток од 13 часот, ќе биде промовиран романот Маж в грло на хрватската писателка Ведрана Рудан. Книгата ќе ја промовира Наташа Аврамовска.

img

Единаесетата книга и воедно седми роман на Ведрана Рудан, Маж в грло ја претставува оваа провокативна писателка во најзрелото издание досега. Низ односот на главната хероина со неколку различни мажи, Ведрана Рудан во најновото дело без влакна на јазикот отвора неколку тематски рамки кои во својата проза порано не ги допираше. Под појавниот, надворешен наративен слој лесно избива горчливиот впечаток за неможноста за комуникација, за потешкотиите на кои наидуваме во најстојувањето да го достигнеме идеалот на вистинската блискост меѓу двајца луѓе, за тоа како дури и во најблиските врски кои во животот ќе успееме да ги оствариме сепак сме осудени на тоа до крајот да останеме заробени во самите себе.
Нарацијата е брза, духовите, луцидна; дејството во романот е и тажно и смешно. Станува збор за оние книги кои не ви дозволуваат да ги испуштите од раце и кои на различни начини ќе ве доведат до солзи.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 04 април 2017 01:21:00
Напишано од Виолета