Дигитални табли во ООУ „25 Мај“

Во ООУ „25 Мај“ беа промовирани смарт дигитални табли по Проектот дигитално  училиште - знаењето нема граници. 

img

Во 14 кабинети беа инсталирани дигитални табли со кои им се олеснува работата на наставниците и учениците и се осовременува одвивањето на воспитно образовниот процес.

На настанот присуствуваше градоначалникот Борис Георгиевски, кој ја истакна важноста на вовдувањето на дигиталните табли во образованието. Исто така, тој рече дека во следниот период општина Гази Баба за сите училишта во општината  ќе обезбеди  од истите табли. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 23 јануари 2018 08:32:00
Напишано од Виолета