Гази Баба домаќин на Државното првенство во карате

Општина Гази Баба беше домаќин на Државното првенство во карате, за кадети и јуниори. На првенството учествуваа околу 200 натпреварувачи од карате клубовите од Република Македонија.

img

Присутните натпреварувачи, судии и гости ги поздрави градоначалникот Борис Георгиевски, а почетокот на натпреварувањата ги означи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. 
- Општина Гази Баба на својата територија има неколку карате клубови, од кои произлегуваат квалитетни спортисти кои постигнуваат одлични резултати во Република Македонија и надвот од неа.
Горди сме на многу признанија кои нашите каратисти ги добиваат од меѓународни натпреварувања, а за возврат општината во континуитет ги поддржува нивните активности, истакна градоначалникот Георгиевски.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 21 ноември 2017 04:12:00
Напишано од Виолета