Изборите во Штип и Пробиштип течат мирно

Мирно и без проблеми течат Локалните избори 2017 година на 80-те избирачки места, информира претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева.

img

Според претседателите на избирачките одбори излезноста во Штип до 14 часот се движи околу 41 отсто, а според податоците на ОИК –Штип до 13 часот гласале 36,58 проценти или своето право на глас го оствариле 15.397 од 42.083 гласачи кои се на Избирачкиот список.

Според претседателката на ОИК-Пробиштип Ана Ѓорѓиева до 13 часот гласале 36 проценти од 12.921 гласач, а се гласа на 41 избирачко место. Таа забележува дека гласањето се одвива мирно и без технички проблеми.

Следните податоци за излезноста на гласачките места општинските изборни комисии ќе ги лиферуваат по 17 часот. (МИА)

Facebook impact:

Објавено недела, 15 октомври 2017 04:52:00
Напишано од емилија