Нова вакуум пречистителна станица во Јурумлери

Градоначалникот Борис  Георгиевски денес беше во работна посета на н.м Јурумлери каде соопшти дека во моментов се почнува со изградба на првата вакуум пречистителна станица во ова населено место, која патем е и прва од овој тип во општината но, и во Република Македонија. 

img

Со изградбата на оваа станица ќе се реши фекалната одводна канализација во ова рурално место. Георгиевски изјави  „ - Ризикот кој постои во моментов во Јурумлери се подземните води и во оваа област постојат премногу септички јами кои се голем еколошки проблем и со изградба на нова фекална вакуумска мрежа овие ризици целосно ќе се елиминираат. Со изградбата на пречистителната станица со мониторинг и команден пулт, вакуум пумпи и примарна фекална мрежа во должина од 4 км, ќе се подобри квалитетот на животот на жителите од н.м Јурумлери.“

      По завршувањето на првата фаза, ќе се започне со втората фаза која е приклучување на секое домаќинство од н.м Јурумлери. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 01 февруари 2018 05:57:00
Напишано од Виолета