Околу 2.600 земјоделци пријавиле штети од пролетниот мраз во Кавадарци

Штети од пролетниот мраз во Кавадарци пријавиле околу 2.600 земјоделци, изјави денеска Зоран Шалев, началник во кавадаречката подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

img

Девет комисии се уште на терен работат на утврдување на последиците од ниските температури,  кои оваа пролет ја зафатија Тиквешијата.

– Земјоделците бараат обесштетување за претрпените штети кај лозовите и овошните насади. Првичните сознанија од терен говорат дека мрзнењето кај овошките и виновите лози се движи од десет до сто проценти, зависно од катастарската општина и местоположбата на насадите, нагласи Шалев.

Најголеми се штетите во насадите покрај реките Луда Мара и Црна.

Facebook impact:

Објавено вторник, 16 мај 2017 12:14:00
Напишано од sasho