Општина Гевгелија го усвои буџетот за првиот квартал од годинава

Советот на општина Гевгелија денеска го усвои извештајот за извршување на општинскиот буџет во првиот квартал од оваа година, според кој реализираните приходи изнесуваат околу 100 милиони денари или 11,6 отсто.

img

Во истиот временски период реализирани се расходи во износ од 93,8 милиони денари од кои 64,9 милиони денари биле употребени за материјални трошоци, а остантите 29 милиони денари се капитални расходи.

Ваквите буџетски остварувања, беше нагласено во расправата, се соодветни на фактот дека во првото тримесечие од годината се уште важеше изборниот процес кој значително го забави функционирањето на локалната самоуправа.

– До поголеми приходи од прикажаните не стигнавме поради неможноста за распишување јавна продажба на градежно земјиште, исполнување на барањата за дооформување на градежни парцели или завршување на други урбанистички постапки, рече градоначалникот Иван Франгов.

Facebook impact:

Објавено сабота, 13 мај 2017 02:06:00
Напишано од sasho