По 17-ти пат во Прилеп ќе се одржи меѓународниот детски музички фестивал „Ѕвездички“

На 7 и 8 октомври во Прилеп по 17-ти пат ќе се одржи меѓународниот музички детски фестивал „Ѕвездички“. Покровител на фестивалот е Општина Прилеп. По тој повод учесниците кои веќе пристигнаа во градот денеска ја посетија Општина Прилеп .

img

„Повторно ѕвездичките се собираат од целиот свет во Прилеп да им донесат радост на децата од Македонија. Оваа година е 17-та по ред и имаме покането 17 учесници кои што ќе ни донесат 17 нови детски хитови. Се надеваме дека публиката ќе успеее да го препознае најдобриот хит и дека ќе победи најдобрата детска песна“, Марјан Катароски, организатор на фестивалот.

„Општина Прилеп 17 години по ред е покровител на овој интернационален музички фестивал. Оваа година со 17 учесници од различни земји, кои ќе се запознаат не само со убавините на Прилеп и Македонија туку и ќе создадат нови пријателства и ќе ја претстават својата земја. Целта на фестивалот е да промовира нови детски музички хитови кои што понатаму ќе придонесат за развојот на фестивалскиот туризам во Прилеп“, истакна Снежана Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

Дечињата беа восхитени од престојот во Прилеп и Македонија.

„Се викам Сана Тасуан доаѓам од Казакстан, се чувствувам многу убаво, долго се подготвував за доаѓањето тука, снимив нова песна која ќе ја претставам на фестивалот. И се заблагодарувам на топлиот прием во Македонија“, кажа Сана Тасуан, учесник од Казакстан.

„Се заблагодаруваме на поканата за учество на фестивалот. Овде многу ни се допаѓа и сме задоволни од тоа како бевме пречекани“, велат сестрите   Анџелика и Даниела Јакупчик од Белорисија.

„Доаѓам од Хрватска ќе ја пејам песната со наслов „Мене ми треба“. И многу ми е убаво тука, учествувам веќе втора година на фестивалот“, рече Ева Кузман, учесник од Хрватска.

Основна цел на фестивалот е да создаде пријателски врски помеѓу децата од различни етнички и верски средини и да ги стави во пракса принципите за заедничко живеење, меѓусебна толеранција и разбирање, како и надминување на културните разлики помеѓу децата од целиот свет.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 06 октомври 2017 03:56:00
Напишано од Виолета