Работна средба Георгиевски- Бихлер

Посветено работиме на решавањето на проблемите во општината

img

Градоначалникот Борис Георгиевски имаше работна средба со мониторинг офицерот , Матијас Бихлер од  ОБСЕ мисијата во Скопје.

Ова е прва заедничка средба по завршувањето на изборите, на која политичката партија на СДСМ по повеќе години доби свој градоначалник на општина Гази Баба.

На средбата се разговараше за Проектите кои градоначалникот Георгиевски  започна да ги реализира веднаш по стапувањето на функција, а кои истовремено беа и дел од неговата изборна програма и за проектите кои се започнати и продолжуваат да се реализираат, најповеќе во делот на инфраструктурата во сите населени места во општината.

Исто така, определбата за отворена, услужна општина за граѓаните, уште веднаш  започна со рализација, со тоа што секој четврток е определен како отворен ден за граѓаните кои сакаат да се видат и да поразговараат за своите проблеми со градоначалникот.

Веќе првиот четврток, градоначалникот прими околку 100 граѓани кои беа закажани и заедно со тимот работеа  до доцните вечерни часови.

Единствено проблем за успешна реализација на предвидените проекти, може да бидат средствата кои општината треба да ги исплати на фирмите кои работеле на нејзина територија, а кои не се подмирени и кои изнесуваат околу 5 милиони ЕУ. 

За решавање на  оваа сложена состојба, имаме неколку опции кои во следниот период треба да ги разгледаме и да го најдеме најдоброто решение за да можеме успешно да продолжиме со предвидените активности, потенцираше градоначалникот Георгиевски.

Г - динот Бихлер изрази задоволство од посветеноста на градоначалникот и од активностите кои се преземени уште на почетокот од мандатот, во делот на водоснабдувањето на населеното место Раштак. 

Тој исто така се интересираше за функционирањето на релација градоначалник - Совет, со оглед на различноста на партиската припадност.

 - Политиката ја оставивме настрана по завршувањето на изборите. Сега приоритет на политичките партии се реализирањето на проектите и решавањето на проблемите на граѓаните и се надевам дека во тој поглед нема да имаме несогласувања, истакна градоначалникот.

На крај на средбата, градоначалникот Георгиевски и г- динот Бихлер изразија задоволство од успешната денешна заедничка  средба.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 21 ноември 2017 03:43:00
Напишано од Виолета