Средба Георгиевски- Цароска: Решавањето на проблемите со капацитетот во градинките ни е заеднички приоритет

Градоначалникот  Борис Георгиевски, оствари средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Цароска.

img

На средбата градоначалникот Георгиевски ја запозна министерката Цароска со проблемот кој го има општината со малиот капацитет во детските градинки, како и недостигот од кадар.

-Имаме повеќе од 500 деца кои чекаат на списоците на градинките и  не може да ги запишеме. Овој проблем го наследивме од порано и за да го надминеме истиот, веднаш отпочнавме со подготовка на план и правење на стратегија, за изградба на нови и доградба на веќе постојните градинки, рече градоначалникот Георгиевски.

Градоначалникот Георгиевски и министерката Цароска разговараа и за проектот изградба на нова детска градинка во Стајковци со капацитет за 60 деца, при што договорија оваа детска градинка општината да ја гради заедно и со поддршка на министерството за труд и социјална политика.

- Ние како министерство, но и јас лично како жител на Гази Баба, ќе се заложам за решавањето на овие проблеми во општината, рече министерката Цароска.

Градоначалникот Георгиевски и министерката Цароска разговараа и за можноста за отворање на нов дневен центар за деца со посебни потреби во општина Гази Баба.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 21 ноември 2017 04:15:00
Напишано од Виолета