Средба на радоначалникот Трајановски со бездомници

Денеска /03.01.2017 година, вторник/, првиот работен ден од новата 2017 година, градоначалникот  на Град Скопје, Коце Трајановски, одржа состанок со бездомни лица коишто се заинтересирани и мотивирани да бидат работно ангажирани

img

На состанокот со лицата се разговараше за нивното претходно работно искуство и за можностите за нивно вработување и активно придонесување во општеството.

До сега, во 2016 година со поддршка на Град Скопје, работно се ангажирани 8 лица во јавните претпријатија, а таа практика Градот планираме и во иднина да ја продолжи и да им помага на оваа категорија граѓани. Со континуирана грижа и вработување на нови лица значително се подобрува квалитетот на животот на овие граѓани во ризик, жители  на Град Скопје.

На состанокот активно учествуваше и претставник на Црвен крст на Град Скопје, координатор на активностите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој, исто така, секоја година е поддржан со 500.000 денари од Буџетот на Град Скопје.  

  

Facebook impact:

Тагови:

Објавено вторник, 03 јануари 2017 14:15
Напишано од виолета




Барај