Деновиве интернет пропагандата на СДСМ и Сорос достигна нови нивоа на грубо лажење и евтини манипулации

Деновиве интернет пропагандата на СДСМ и Сорос достигна нови нивоа на грубо лажење и евтини манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

img

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Видео записот кој го шират на големо порталите на СДСМ и Сорос, ниту е од Македонија, ниту во него има барем еден точен факт.

На видеото со груба манипулација се изнесени многу лаги кои имаат за цел да ги плашат граѓаните на Гевгелија во функција на предизборната кампања на СДСМ за локалните избори.

Прво, Владата на Република Македонија нема издадено никаква концесија за експлоатација на Кожув. Не постои, ниту се планира рудник за злато на оваа локација.

Единствено е издадена концесија за детални геолошки истражувања за алувијално површинско злато, која сама по себе не предвидува ни приближно ископи од ваков или сличен карактер, како што грубо се лаже во ова пропагандно видео во кое се употребени снимки од Бразил, Папуа Нова Гвинеја и Казакстан.

Геолошките испитувања за кои има дозвола концесионерот на Кожув се научен труд, се изведуваат површински, не предвидува никаква сеча на дрва или употреба на било какви хемиски методи, не се создава прашина, ниту пак има јаловина. Во ваквите површински истражувања не се употребува никаков експлозив, како што е претставено во овој видео клип кој што можете да го видите.

На Кожув нема ниту едно исечено дрво. Граѓаните на Гевгелија треба да бидат спокојни и да не дозволуваат да бидат манипулирани со вакви лажни вести, какви што сме навикнати да гледаме од опозицијата и нивните медиумски експоненти.

Почитувани,

Сведоци сме на организиран атак врз најголемите успеси на Владата на ВМРО-ДПМНЕ: странските инвестиции, минералните суровини и комплетните реформи во државата.

Почитувани опозиционери, не бркајте ги странските инвеститори. Вашиот План за живот нуди враќање на олигарсите во Македонија. Програмата „Реално“ е вистинската програма која нуди прогрес, инвестиции и решенија. Токму затоа речиси половина милион Македонци масовно и мнозински по 10-ти пат по ред гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, десетти пат по ред.

Facebook impact:

Објавено сабота, 18 февруари 2017 03:23:00
Напишано од Емилија