Колку новороденчиња треба да починат за Таравари, владата на Заев или директорката Јовановска да прифатат одговорност?

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Викторија Јовановска не смее да избега од одговорност за починатите бебиња само заради тоа што е пријателка на сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева, порача Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

img

Андоновска кажа дека на гинекологија владее хаос и секојдневно сме сведоци на трагични вести и загубени животи.

-Директорката Јовановска е платена од граѓаните не за да креира хаос, туку да ги решава проблемите, а таа го прави спротивното. Наместо постојано да мисли како да ги брани политичките ставови на нејзиниот близок пријател Зоран Заев и да пишува политички соопштенија, требаше да се грижи да не умираат новороденчиња. Сега е јасно дека нема капацитет за тоа. Најдобро и за неа и за пациентите е да покаже доблест и да се повлече. Негрижата на новата влада на СДС и Таравари за здравјето на граѓаните исплива на површина, изјави Андоновска.

Андоновска истакна истакна дека колку повеќе се расплетува случајот за смртта на бебињата на Клиниката за гинекологија, толку повеќе на површина излегуваат судбините на родилките и нивните новороденчиња.

-Два дена криеја за починати три бебиња, па откако јавноста дозна, веќе стигна и втора вест за починато четврто новороденче. Колку новороденчиња треба да починат за Таравари, владата на Заев или директорката Јовановска да прифатат одговорност? Уште колку човечки животи треба да згаснат за да се покажат доблест и да се повлечат? До кога планираат да молчат и со брутална партизација на институциите и поставување на некомпетентни партиски кадри, државата да ја туркаат во хаос, праша Андоновска.

ВМРО-ДПМНЕ апелираше и предупредуваше, но на Таравари, Заев, Милошев и Јовановска човечкиот живот не им е приоритет. Андоновска потенцираше дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт изгради целосно нов објект наменет за Клиниката за гинекологија и акушерство, кој што беше модернизиран и опремен со најсовремена технологија.

-Беа набавени 11 респираторни машини, 16 инкубатори, 3 вормери, 1 ултразвучен апарат, 1 мобилен рендген апарат, 1 апарат за гасни анализи, 10 перфузори/инфузиомати. Во рамки на Програмата на Министерството за здравство на Република Македонија за едукација на лекари и педијатри, на ЈЗУ и Клиника за гинекологија и акушерство и беа доделени 5 субспецијализации по неонатологија за педијатри вработени на Одделението за неонатална интензивна нега и терапија и Одделението за новородени деца, изјави Андоновска.

Таа кажа дела се отворени се најсовремени операциони сали, а во 2013-та беше отворена и 5-та операциона сала за минимално инвазивна хирургија опремена со најсовремена апаратура за лапараскопски интервенции.

Одговорност за катастрофалното работење на СДС мора да има и ќе има! Граѓаните имаат целосно право да се грижат и да не и веруваат на оваа влада. Граѓаните имаат шанса да ја казнат на локaлните избори кои ќе се одржат на  15-ти октомври, изјави Андоновска.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 26 август 2017 02:15:00
Напишано од Емилија