Македонија гори а Владата мува не ја лази им порачува на граѓаните да чекаат дожд

Пожари беснеат низ цела Македонија, два региони се во кризна состојба, а Владата како и за пожарите во депониите, така и сега нема слух за апелите на граѓаните кои бараат помош во справување со ситуацијата.

img

Последните информации говорат дека активни пожари има во селата Заграт и Грашница во Македонски Брод, на местото викано Јасеновска Глава во Чашка, во селото Никодин и местото Слива, прилепско, над селото Копанце во тетовско, како и кај село Градманци, општина Петровец.

Пожари има во селата Калуѓерец, Могилец, Близанско, Волче и Растеж во Македонски Брод, а повторно активен е и пожарот во атарот на селото Заграт.

Гори и кај село Никиштани, Ѓорче Петров, над село Бањиште кај Дебар, како и кај село кавадаречкото село Галиште.

Владата покажа дека нема капацитет и не умее да се справи со вакви ситуации и да одговори на повиците за помош, па на граѓаните им останува само да чекаат да заврне дожд кој би им помогнал во справувањето со пожарите.

Тагови:

пожари дожд

Facebook impact:

Објавено среда, 09 август 2017 06:25:00
Напишано од Емилија