На СДС, здравјето на граѓаните им е ставено во втор план, а приоритет е луксузирањето на нивните партиски војници

ВМРО-ДПМНЕ со 2 милиони евра ја реконструира Специјалната болница за белодробни заболувања и турбекулоза „Јасеново“ во Велес. СДС за овие 100 дена владеење ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра. Со овие пари, неодговорната влада на Заев можеше да реконструира 175 болници низ Македонија кои ќе им бидат од големо значење на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

img

-Влада на СДС не реконструира ниту една болница, а парите на граѓаните расипнички ги потроши. Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубната политика која ја спроведоа СДС и Заев. Граѓаните видоа дека на владата на СДС, здравјето на граѓаните е ставено во втор план, а приоритет е луксузирањето на нивните партиски војници, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаат голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствениот систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места. На 15-ти октомври, граѓаните ќе им стават крај на ваквите погубни политики на СДС и Заев“.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 11 септември 2017 09:40:00
Напишано од Емилија