ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Во изминативе години ВМРО- ДПМНЕ покажа дека има конкретна стратегија за развојот на образованието

Основен предуслов за севкупниот општествено – економски развој, развојот на демократијата и социјалната правда и политички развој во една држава е образованието. 

img

Во изминативе години ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има конкретна стратегија за развојот на образованието со која се обезбедува континуитет во унапредувањето на инфраструктурните услови, условите за работа на воспитно – образовниот кадар, подобрување на квалитетот на образование.

Во Прилеп, во изминативе години од кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во основните и средните училишта во општинава се вложени вкупно 10 милиони евра само во инфраструктура. Но, вложувањето во образованието е и мора да биде континуирано. Продолжуваме со реализација на нашите ветени проекти.

Веќе е околчен простор и деновиве со подобрувањето на временските услови се очекува да се интензивира изградбата на новото основно училиште во населбата Сточен пазар. Училиштето ќе биде на површина од 3690 м 2

. Со овој проект се излегува во пресрет и на родителите и на учениците до петто одделение кои засега пешачат и патуваат со автобус до училиштата, оддалечени повеќе од два километри во една насока.

Веќе во септември месец оваа година училиштето ќе биде целосно завршено и учениците новата учебна година од населбите Сточен пазар и Жабино маало ќе ја започнат во целосно нов и модерен објект.

Исто така во овој момент се работи интензивно на уредување на дворот од подрачното училиште ОУ Блаже Конески во населбата Варош.

Мора да споменеме дека дворот на ова училиште за прв пат се уредува од неговато постоење. Освен што ќе бидат поставени бехатон плочки, дел од дворот ќе биде асфалтиран и на тоа место ќе биде направено баскет игралиште, кое освен учениците, ќе можат да го користат и сите други спортисти и ентузијасти од оваа населба. Ова е прва фаза од целиот проект која чини 1,5 милиони денари. Втората фаза ќе биде инвестиција од уште 2 милиони денари за комплетно дозаградување на училиштето, средување на потпорниот ѕид и хортикултурно уредување на дворот.

Почитувани сограѓани, вложувањата во образованието се видливи, споредливи и мерливи. За ВМРО- ДПМНЕ образованието е еден од главните приоритети. И во наредниов период продолжуваме со дела, затоа што новите проекти се тие по кои се препознаваме.

Се вчитува прикажувачот на видео...

Facebook impact:

Објавено четврток, 23 февруари 2017 03:28:00
Напишано од Виолета