ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола предвидува мерки за спроведување со кои би се подобрил квалитетот на амбиенталниот воздух

Општина Битола е прва општина во Република Македонија која има изготвено програма за подобрување на квалитетот на воздухот. Таа програма претставува документ во кој е дадена детална анализа за состојбата со квалитетот на воздухот за главните извори на загадување како и се дефинирани мерки за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот.

img

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола

Програмата предвидува 21 мерка за спроведување со кои би се подобрил квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Битола, односно следниве мерки кои веќе се преземени:

- Информирање на јавноста за прaшањата за квалитетот на воздухот, Упатство за согорување на дрва за затоплување по домовите.

- Подобрено отстранување на прашината на градежните локации.

- Подобрено чистење на улиците.

- Направена е голема акција за прочистување на оџаците на институциите.

- Зголемен бројот на зелени површини преку пошумување.

- Промоција на енергетската ефикасност.

Редовен мониторинг на емисиите и известувања и надгледувања на поголемите индустриски постројки и електрани.

- Во соработка со Влада на Р.М и ЕЛЕМ во тек е изработка на проектна документација за проектот - топлификација на Битола, во кој со дел учествува и Општина Битола.

- Општина Битола врши мерење на хемискиот состав на ПМ10 честичките од сопствени средства. Првото мерење е извршено во летниот период, а второто ќе биде во зимскиот период со што ќе се открие изворот на загадувањето, а воедно и доставено е барање за јавна набавка за услуга, за фирма со возила - цистерни кои со посебни прскалки ќе извршат прскање низ улиците за намалување на ПМ10 честичките со хемиско средство КМА (калциум/магнезиум/ацетат) и кое средство веќе е набавено.

- Општина Битола заедно со општините Новаци и Могила со помош на Владата на Р.М и Собранието на Р.М се изборија за одделување на финансиски средства односно 0,007 денари од киловат час произведена електрична енергија во РЕК Битола, а тоа се околу 17 милиони денари, кои што Општина Битола сто процентно ги користи за намената.

- За подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во животната средина Општина Битола реализира и други најразлични активности како што се подобрување на патната инфраструктура, односно изградба и реконструкција на улици, изградба на кружни текови, одржување на јавна чистота и зелени површини за што годишно се издвојуваат околу 33 милиони денари, канализационата мрежа каде само оваа година е извршена изградба и реконструкција на истата во должина од 6.900 метри како и .опремување на јавните претпријатија за основната функција. 

Во завршна фаза е проектот за велосипедски патеки, а извршена е и замена на дограмата во голем дел од основните и средните училишта од различни програми, дел од општината, дел од владата, како и од други донации и фондови. 

- Општина Битола ги евидентира сите новонастанати диви депонии кои често пати несовесни граѓани ги палат и предизвикуваат аерозагадување, а општината најмалку два пати годишно ги чисти тие диви депонии.

- Со средства од Влада на Р.М преку програмите на Светска и Европска банка извршена е адаптација, рехабилитација и реконструкција на повеќе локални патишта.

Сите овие мерки од страна на надлежните институции се веќе превземени. Бидејки ние се грижиме за граѓаните со дела.

Facebook impact:

Објавено среда, 21 декември 2016 05:51:00
Напишано од Ирина