Заев и Николовски се најголемата елементарна непогода за Македонија

Владата на Заев и министерот Николовски се најголемата елементарна непогода за Република Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

img

Никаде, баш никаде ги немаше додека огнени стихии изгореа половина држава. Еден од најодговорните, министерот за земјоделие и шумарство дознал преку интернет дека дождовите ги изгаснаа пожарите и конечно реши да се појави во јавност. Трагедијата е во тоа што излезе, но исто како да не се појави. Не кажа колку подметнувачи на пожари се откриени и санкционирани. Не кажа колку пожари се изгаснати и колку шуми се спасени. Не кажа ни колкаво обештетување ќе добијат граѓаните кои не успеаја сами да се заштитат. Кажа дека допрва ќе преброел колку кубни метри дрва изгореле. Кажа и остана жив, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека откако дождовите ги изгасија пламените јазици, Николовски конечно реши да се врати од песочните морски плажи.

-Додека Николовски уживаше на одмор и ги трошеше народните пари, половина Македонија изгоре. Додека Николовски се двоумеше со  која крема и кој заштитен фактор да се намачка за да не изгори на сонцето, македонските граѓани сами се бореа со огнените стихии за да не изгорат нивните имоти. Николовски откако стана министер единствено што стори е креирање на хаос во земјоделието. Поради ваквото несовесно работење, неспособност да се справат со предизвиците и да ги решат проблемите на граѓаните, на 15-ти октомври СДС ќе се соочи со политичка одговорност и ќе биде делигитимиран од народот, се наведува во партиското соопштение.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 15 август 2017 09:22:00
Напишано од Емилија