Блокиран сообраќајот на Партизанска, пожар кај СУГС „Здравко Цветковски“

Изби пожар во бараките кај СУГС „Здравко Цветковски“, спроти бензинската пумпа Макпетрол на булеварот Партизански одреди.

img

Засега нема информации од кои причини е избиен пожарот и што точно е зафатено од пламените.

Очевидци велат дека станува збор за објект до ГУЦ познат како Завод за архитектура и урбанизам. Се уште нема информации како избил пожарот.

 

Просториите кои се зафатени од големиот пожар се од Институтот за социолошки и политичко-правно истражување при УКИМ, Скопје.

Фото: Курир

Facebook impact:

Објавено петок, 21 април 2017 01:26:00
Напишано од Виолета