Целосно изгоре плевна во кривопаланечко

Целосно изгоре плевна во густо населениот дел на кривопаланечката населба Маневци, а брзата интервенција на пожарникарите спречила проширување на пожарот на соседните објекти. 

img

Во текот на вчерашниот ден Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка интервенирала на дојава за запален придружен објект, плевна, со површина од околу 30 метри квадратни во населбата Маневци, место викано Вада.

- Дојавата ја примивме околу 15 часот и 25 минути, при што интервенираше едно возило, додека подоцна, уште две возила вршеа дотур на вода и вкупно петмина пожарникари го гаснеа пожарот, при што е спречено проширување на огнот на соседните објекти. Плевната-штала е во сопственост на С.Ј. Изгореа и пет тони сено кои се наоѓале во објектот, а целосно е уништена и крвоната конструкција, информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Материјалната штета и и причините за настанување на пожарот дополнително ќе се утврдуваат. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 16 декември 2017 01:30:00
Напишано од Виолета