Да ја спасиме малата Валерија, туморот агресивно расте, потребна е итна операција!

Седумгодишната Валерија Зафировска ја крена Македонија на нозе. Ова девојче има потреба од наша помош. Малата Валерија има тумор на мозокот кој агресивно расте и поради тоа мора што поскоро да се оперира во Истанбул. За операција потребни се 40.000 евра, пари кои нејзините родители ги немаат.

img

„Валерија треба да се оперира во „Аџибадем“ во Турција, кај познатиот детски неврохирург кој е еден од дестте најдобри во светот, Мемед Озек. Операцијата треба да се изврши најбрзо што се може, односно за еден месец. Туморот засега е во нефункционалниот дел на мозокот“,  изјави мајката Марина.

Овој викенд неделава во Штип ќе има голем број на акции организирани од страна на Црвен крст, младите и кафулињата.

Да бидеме хумани, да донираме и да спасиме еден детски живот! 

Телефонски број на Телеком: 143 117 

Жиро сметка за донација: 300081000001938

Комерцијална банка АД Скопје

Дознака: Валерија Зафировска – хуманитарна сметка

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 14 ноември 2017 08:34:00
Напишано од емилија