Деформаторите подрачна единица на СДСМ, ја користат нивната логистика

Самопрогласните реформатори, кои имаат цел да деформираат, целосно ја користат логистиката на СДСМ и соросовата мрежа. Дотаму дојде работата што главна ударна тупаница на луѓето кои што се прикажуваат за членови на ВМРО-ДПМНЕ е да ја рамнат партијата со ЦИВИЛ на Џабир Дерала, соросов проект платен од Инстутот Отворено Општество.

img

Наместо интелектуална и кадровска проникливост, главната ударна тупаница на деформаторите станува Џабир и проект изникнат од кујните на СДСМ. Па така тие спроведуваат наводна дебата токму на Цивил, проект на СДСМ и СОРОС

Очигледно СДСМ и нивните спонзори однадвор се главната потпора на вештачки создадената група незадоволници за кои најважна е фотелјата и парите, наместо демократијата и партијата.

На групата на ФБ која е база за дејствување на деформаторите членови, подржувачи и лајкувачи се функционери, експоненти и членови на СДСМ, како на пример: уредникот на Либертас Ацо Кабранов, Катица Јанева од СЈО, Отец Пимен, Борјан Јовановски, Оливер Спасовски, членот на извршнот одбор од СДСМ Аднан Џаферовски и многу други.

Коментарите на социјалните мрежи се дека се канцеларија на СДСМ и од таму ја трансферираат и силата и ресурсите.

Очигледно дека дефарматорите стануваат инсталација и скапа инвестиција на СДСМ и нивните спонзори.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 17 јули 2017 05:09:00
Напишано од емилија