Детската болница Козле е преполна со пациенти поради загадувањето

Секое второ дете е погодено од загадувањето, а Детска болница Козле е преполна, изјави Драги Змијанац од детската амбасада „Меѓаши“, кој денеска присуствуваше на протестот пред Влада, против високото загадување во Скопје- пишува Макфакс. 

img

„Ние ја поддржуваме иницијативата да се бојкотира наставата. Сметаме дека треба да се прогласи вонредна состојба ако загадувањето е два дена по ред над дозволеното“, рече  Змијанац.

Под мотото „Станете за чист воздух“,  жителите на главниот град пред Владата се собраа на протести, од каде побараа итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, понатаму службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, како и забрана за градежни активности во зимските месеци. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 16 декември 2017 01:25:00
Напишано од Виолета