Еве какво време не очекува до крајот на неделата

Времето утре ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и потопло време.

img

Утринските температури од 10 до 19 степени, а максималните  температури ќе достигнат до 22 односно до 31 степен.

Во среда и четврток сончево и потопло време и ќе продолжи трендот на пораст на дневните температури но утрата и ноќите ќе бидат свежи.

Во среда утринските температури од 8 до 17 додека пак дневните од 24 до 33 степени, а во четврток минималните од 9 до 18, додека пак дневните од 26 до 35 степени.

Сончево и топло време се очекува и во петок кога дневните температури ќе достигнат до 27 односно до 36 степени.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 17 јули 2017 08:38:00
Напишано од емилија