Еве колку македонски семејства по невремето на Халкидики се обратиле до конзулатот во Солун

Досега само едно семејство од Македонија кое било на летување во Торони, на вториот крак Ситонија на Халкидики се обратило до Конзулатот во Солун по невремето проследено со дожд.

img

Македонското Министерство за надворешни работи информира дека членовите на ова семејство не се наоѓаат во опасна и загрозувачка состојба.

Од МНР исто така соопштија дека нема македонски државјани и меѓу евакуираните туристи од страна на грчките служби во Торони, Порто Куфо и Тристика на вториот крак Ситонија каде дојде до поплавување на паркирани возила по интензивните врнежи. Во Грција поплави има и на други патишта особено на патот Лариса-Кожани.

Во Македонскиот конзулат во Солун функционира дежурен мобилен телефон 00306987200410 на кој во случај на потреба може да се обратат сите македонски државјани, информираат од МНР.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 17 јули 2017 08:45:00
Напишано од емилија